Услови за користење на порталот
СОДРЖИНА И ЦЕЛ
Согласно со Законот за катастар на недвижности, АКН ги одржува просторните и описните податоци од катастарот на недвижности, катастарот на инфраструктурни објекти како дел од катастарот на недвижности, основните геодетски работи, премерот на недвижности, државната граница, геодетските работи за посебни намени, вредноста на недвижностите (регистар на цени и закупнини), топографските и ортофото картите, графичкиот регистар за улици и куќни броеви и од графичкиот регистар за градежно земјиште, во геодетско-катастарскиот информациски систем во понатамошниот текст (ГКИС).
Податоците од ГКИС кои се поставени во електронска форма на порталот, согласно со Законот за катастар на недвижности се организираат и се чуваат во централизирана база на податоци што претставува составен дел од информатичката инфраструктура на АКН. Податоците кои се чуваат во базата на податоци, се официјални.
Заинтересираните корисници можат да ги користат податоците од ГКИС и за формирање нови производи со додадена вредност во комерцијални цели, но за тоа треба да склучат договор со АКН во кој ќе бидат уредени условите и начинот на нивното користење.
Корисниците на порталот можат да ги добијат податоците од ГКИС во форма на информација или во форма на јавна исправа.
Податоците од ГКИС можат да се издаваат во писмена или во електронска форма.
Порталот има цел да го подобри и да го олесни пристапот до ажурни податоци, да ја подобри десеминацијата на податоците од АКН и пред сѐ да го скрати времето на доставување податоци до корисниците.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
За регистрација на веб-локацијата http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/, корисникот задолжително ги доставува и гарантира за следните податоци во корисничката база на порталот со цел креирање кориснички профил.
Физички лица: Правни лица:
- име - назив
- презиме - седиште
- е-маил адреса - е-маил адреса
- корисничко име - корисничко име
- лозинка - лозинка
Доколку регистрираниот корисник има потреба од сопствениот имотен лист во кој ќе биде содржан податок за единствениот матичен број на граѓанинот, потребно е во формата за регистрација на корисник да го внесе личниот податок за ЕМБГ. АКН се обврзува со овие податоци да постапува согласно со Законот за заштита на личните податоци и останатите законски прописи во кои е регулирана оваа материја.
Корисникот не смее да ги открива податоците за корисничко име и лозинка на трети лица и ќе биде одговорен доколку настане злоупотреба поради користење на податоците од неовластено лице.
БРИШЕЊЕ НА ПРОФИЛОТ/ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ПРИСТАПОТ ДО ПОДАТОЦИТЕ
Корисничкиот профил може да биде избришан на два начини.
Првиот начин е по барање на корисникот. На овој начин Вие го бришете вашиот профил од веб-локацијата на порталот http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/. Со бришење на Вашиот профил се бришат сите Ваши лични податоци, но не и податоците кои биле предмет на преземање на порталот.
Вториот начин - доколку АКН утврди дека податоците од корисничката сметка на корисникот ги користи неовластено лице и/или тие се користат на несоодветен начин и за несоодветни цели, Катастарот го задржува правото во секое време и без претходна најава да го ограничи или да го прекине пристапот до податоците на корисникот.
УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Со регистрација на веб-локацијата http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/, Вие ги прифаќате следниве услови за користење на податоците содржани во овој портал.
Агенцијата за катастар на недвижности во понатамошниот текст (АКН) не е одговорна за какви било директни или индиректни, случајни, нематеријални или материјални штети, загуби или трошоци кои произлегуваат од користењето или неможноста да се користат податоците поставени на овој портал. Податоците кои се поставени на овој порталот можат да се менуваат и да се ажурираат во секое време. АКН не прифаќа одговорност за каква било последица од ваквите промени.
Со користење на поставените податоци на порталот, Вие ги прифаќате сите ризици и се согласувате да ги користите податоците само за ваши потреби.
АКН го задржува правото во секое време и без претходна најава да го ограничи или да го прекине пристапот до податоците, доколку корисникот од било која причина ги користи податоци- те и информациите неовластено или несоодветно.
АКН не е одговорна за каква било штета доколку настане при несоодветно користење на податоците преземени од порталот.
АКН не гарантира дека податоците кои ќе бидат поставени на OSS - порталот секогаш ќе бидат достапни и на располагање и не може да се смета за одговорна за каква било директна или индиректна штета која настанала кај корисникот на услугите, а е резултат на:
- прекин, запирање или нефункционирање на порталот, особено во случај на запирање заради одржување или поправка на компјутерскиот систем или нефункционирање на компјутерскиот систем, серверите или телекомуникациските системи од технички причини;
- некомпатибилност и несоодветност на опремата на корисникот на услугите;
- грешки при пренос, доцнења или прекини за време на преносот на податоците;
- оневозможеност на пристапот до порталот како резултат на настани надвор од контрола на АКН, во ситуации кога услугата или интернетот се преоптоварени, не се достапни, а се предизвикани од испорачувач (provider) од трета страна врз АКН.
Забрането е менување, копирање и дистрибуирање на податоците содржани и поставени на порталот.
Содржината на податоците поставени во менито за јавен преглед на податоците се достапни на увид до сите регистрирани и нерегистрирани корисници. Овие податоци се од информативен карактер и не се наплатуваат.
Содржината на податоците поставени во менито за преземање и користење податоци е достапна на увид до сите регистрирани и нерегистрирани корисници, но преземањето/користењето на податоците е овозможено само за регистрирани корисници на порталот и овие податоци се наплатуваат во согласност со Тарифникот за висината на надоместокот за користење и увид на податоците од геодетско-катастарскиот информациски систем (ГКИС), освен кога корисник на податоците е министерство и ги користи за сопствени потреби.
Корисникот не може да го менува дизајнот на веб-локацијата, како и софтверската платформа на која е изграден порталот - http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/.
АКН го задржува правото да ги менува овие услови за користење на веб-локацијата http://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/ во секое време и нема да биде одговорна за последиците од таквите промени.
Регистрација на физичко лице
Информации за корисникот |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||